Поврзете се со нас

Лига Европа

Мурињо повторно незадоволен од судиите: Се надевам дека ова е само несреќна коинциденција

Објавено

на

foto: x.com/Fenerbahce

Фенербахче вчера успеа да ја неутрализира предноста на Ренџерс од првиот осминафинален натпревар во Лига Европа, но доживеа елиминација по послабото изведување пенали, со кои беше решаван победникот во двомечот.

Избраниците на Жозе Мурињо славеа со 0:2 на „Ајброкс“ и се изборија за продолжение, односно пенали, а по елиминацијата, Португалецот повторно се жалел на судиите, посебно на тие во ВАР собата.

– Се надевам дека ова што ми се случува на европските натпревари не е последица од финалето на Лига Европа во 2023 година.

– Се надевам дека ова е случајност, бидејќи по суспензијата по финалето во Будимпешта, почнаа да ми се случуваат чудни работи.

– Не влеговме во Лигата на шампионите поради пенал во 120 минута, кој беше виден само од четвртиот судија. Сега на реваншот со Ренџерс, судија за кој се вели дека е меѓу најдобрите ВАР судии, не виде три пенали за нашиот тим. Се надевам дека тоа е случајност, дека ова е несреќна коинциденција, бидејќи јас си ја платив казната за тоа што се случуваше во Будимпешта, – рекол Мурињо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни