Поврзете се со нас

Репрезентација

Димитријевиќ: Системот на ФИБА не е фер, сакавме пласман на ЕП…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Македонската сениорска репрезентација ќе пропушти уште еден голем настан, Европското првенство кое годинава ќе се одржи во Полска, Летонија, Финска и Кипар.

Ни забележавме само две победи во шест средби во групата Х, две победи над полската репрезентација што не беше доволно за билет на собирот на најквалитетните тимови на стариот континент.

-Целта ни беше да се пласираме на ЕП, но за жал не успеавме. Немавме доволно среќа, некои работи не ни одеа. Да немав грчеви против Естонија, можеби се ќе беше поинаку бидејќи покажавме на гостувањето против Полска, каде одигравме фантастично, дека можеме да се носиме со секого.

-После тоа нè зафатија повредите на странците Хап и Вајли, кои имаат македонски пасоши, па ни се придружи и Ти Џеј Шортс, кој е фантастичен играч, но мислам дека сепак повеќе ни недостасуваше центарската позиција. Дадовме се од себе, но не успеавме да се пласираме на Евробаскет, исто како Хрватска, која ме изненади бидејќи имате многу талентирани играчи. „Уште еднаш се покажа дека екс-ЈУ е кошаркарска нација, но ние и Хрватска немавме навистина среќа бидејќи завршивме во група со домаќините, а според мене системот на ФИБА не е баш фер, -истакна Нено Димитријевиќ за „Спорт Клуб“.

Димитријевиќ говорше и за неговиот статус во Олимпија Милано.

-Кога донесоа нов плејмејкер во клубот, мојата минутажа се намали, но со текот на времето научив да бидам трпелив. Во Евролигата мора да бидете подготвени во секое време да помогнете и се надевам дека ќе ја постигнеме нашата цел да се пласираме во топ 8. Сепак, оваа сезона во Евролигата е навистина најнеизвесна досега кога е во прашање борбата за плеј-офот. Со две победи можете да скокнете пет места нагоре, а со два порази да бидете на прагот на елиминација од плеј-офот. Според мене, Олимпијакос игра најдобра кошарка затоа што повеќето играчи се заедно долги години и го имаат тој систем со тренерот Барцокас во кој сите играчи ја имаат топката.

-Заедно со нив, секако е и Панатинаикос каде играчите имаат целосна слобода во играта. Тука е и Фенербахче со тренерот Јасикевичиус, кој според мене е тактички мозок, заклучи Нено.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни