Поврзете се со нас

Дејвис куп

Синер со победа донесе Дејвис Куп титула и перфектен крај на годината (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/DavisCup

Италија е старо-нов Дејвис Куп шампион откако во финалето на турнирот во Малага се справи со предизвикувачот, селекцијата на Холандија.

Доволни беа сингл дуелите за да Италијанците дојдат до ново славје во ова натпреаврување, поточно станат прва репрезентација која го одбранила трофејот по Чешка од 2013 година.

Првата победа за „аѕурите“ ја донесе Матео Беретини, потоа на сцена стапи Јаник Синер кој рутински го донесе и вториот поен за националниот тим доволен за големо славје.

Со ова Синер на перфектен начин ја закружи 2024 година во која забележа дури 73 победи (73-6), освои многу титули од кои најзначајни се секако грен слем славјата на Австралија Опен и Ју-Ес Опен како и она на завршниот турнир во Торино.

Воедно ова беше потврда дека италијанскиот тенис е во експанзија, доминира затоа што претходно шампинки станаа Италијанките, односно го освоија Били Џин Кинг Купот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни