Атлетика
Рекорден скок и историски успех: Андреас Трајковски обезбеди финале на ЕП во Холандија!

Андреас Трајковски како единствен македонски претставник на Европското првенство во Холандија го обели образот на нашата земја, оставрувајќи историскиот успех, но и национален рекорд на денешните квалификации во категоријата – скок во далечина.
Европското првенство во сала кое се одржува во Апелдорм ќе биде впишано во историските читанки на македонската атлетика, а причина за тоа е резултатот на нашиот Трајковски.
Иако беше пријавен како атлетичар со 13-ти резултат во оваа дисциплина, Андреас со три извонредни скока се избори за место меѓу најдобрите осум натпреварувачи, па така обезбеди место на финалното натпреварување во скок во далечина.
Поточно, Трајковски со скоковите од 7.51, 7.77 и 7.85 метри го освои седмото место во денешните квалификации, па така си обезбеди место во финалето во конкуренција на 17 скокачи.
Последниот скок од 7.85 метри е национален македонски рекорд во сала, а Трајковски со овој успех стана првиот Македонец кој се пласирал во едно финале во Европско првенство во атлетика.
-
Лига на шампиони13 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет24 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Свет12 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Италија9 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија23 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија23 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот
-
Шпанија10 часа
Ривалдо за ѕвезда на Атлетико: Тој би бил идеално засилување за Барселона