Поврзете се со нас

Европски првенства

Најава за ждрепката во Клуж: Ракометарките ќе чекаат ривали од третиот шешир за евро-квалификациите

Објавено

на

ЕХФ ја закажа ждрепката за следното Европско првенство во женска конкуренција за 20-ти март, а во пресрет на извлекувањето, денеска објави како ќе изгледаат квалититативните садови.

Македонија се најде во третиот шешир за ждрепката која ќе се одржи во Клуж, град кој ќе биде еден од домаќините на Европското првенство кое го организираат пет земји.

Покрај Романија, натпревари на континенталниот собир ќе се играат и во Полска, Чешка, Словачка и Турција, а кога се во прашње квалификациите, Македонија дозна дека не може да се најде во иста група со Украина, Португалија, Италија, Косово и Грција, селекции кои се најдоа во истиот трет квалититативен шешир.

Улогата на носители во групите ќе ја имаат шесте репрезентации кои се во првиот шешир, а тоа се репрезентациите на Франција, Шведска, Холандија, Германија, Црна Гора и Шпанија.

Вкупно 24 репрезентации ќе бидат поделени во шест групи со по четири екипи, а пласман на завршниот турнир на Европското првенство наредната година ќе обезбедат двете најдобро пласирани, како и четирите најдобри од третопласираните селекции во групите.

Шешир 1: Франција, Шведска, Холандија, Германија, Црна Гора, Шпанија
Шешир 2: Словенија, Хрватска, Австрија, Швајцарија, Србија, Исланд
Шешир 3: Македонија, Украина, Португалија, Италија, Косово, Грција
Шешир 4: Фарски Острови, Финска, Израел, Босна и Херцеговина, Литванија, Белгија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни