Поврзете се со нас

Одбојка

Штип УГД и Струмица ќе водат битка за пехарот во Купот на Македонија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/volleyballmkd

Одбојкарите на Штип УГД и Струмица ќе водат битка за пехарот во Купот на Македонија, односно ќе ги одмерат силите во финалето закажано в сабота од 19 часот во спортската сала „25. Мај“ во Радовиш.

Бранителот на трофејот Штип УГД ја потврди фаворитската улога во соочувањето со Работнички кое го реализираше со чисти 3-0 во сетови со 25:13, 25:22, 25:20.

Во второто пак денешно полуфинале, екипата на Струмица беше супериорна во дуелот со Борец од Велес. Струмичани беа сигурни и со 25:13, 25:18 и 25:18 дојдоа до посакуваната цел.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни