Поврзете се со нас

Меѓународни настани

На фестивалот во Златибор победи филмот за Ратко Рудиќ, награда однесе и македонскиот филм!

Објавено

на

Репертоарот на 13. издание на Меѓународниот фестивал за спортски филм донесе богата програма со 77 филмови од речиси сите континенти, а главното признание му припадна на филмот посветен на ватерполо легендата Ратко Рудиќ.

Покрај останатите лауреати во различни категории, посебно признание му беше доделено на македонскиот документарен филм „Од први до четврти“, кој е посветен на настапот на кадетската кошаркарска репрезентација, која во 1995 година го освои четвртото место на ЕП во Лисабон.

Златибор беше домаќин на голем број спортски легенди и вљубеници во спортот кои имаа можност да проследат филмови посветени на различни спортови, а паралелно е отворена и изложба посветена на животот и кариера на Синиша Михајловиќ.

Специјалното признание за животно дело годинава му е доделено на поранешниот скијач Јуре Франко, кој годинава прослави 40 години од сребрениот медал во велеслалом, освоен на Олимписките игри во Сараево.

Минатата година на овој фестивал беа наградени филмовите за Благоја Георгиевски – Буштур и Дарко Панчев.

 

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни