Европски првенства
Јончевски очекува многу од Димитријевиќ и Шортс, но се надева и на трето големо засилување за Талин

Македонската кошаркарска репрезентација вчера во „Кале“ ги стартуваше подготовките за последните два меча во евроквалификацискиот циклус, но главен фокус дефинитивно е ставен на Естонија, селекција на која ќе мора да бркаме победа од најмалку шест поени разлика.
Позитивна вест за овој квалификациски прозорец е тоа што првпат заедно ќе играат Ненад Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс, но до крај постои шанса да се приклучи и Андреј Јакимовски кој чека зелено светло од Колорадо.
– Во моментов размислуваме само на Естонија и на натпреварот кој мора да го добиеме за да одиме понатака, а за Полска ќе се подготвуваме по Естонија. Имаме мотив, имаме желба, составот можеби не е во најпосакуван изглед по моментов. Имаме среќа што Ненад Димитријевиќ е со нас, тука го имаме и Ти-Џеј Шортс.
– Се надевам дека како тандем ќе функционираат беспрекорно и ќе дојдеме до победа. Со Јакимовски сум во контакт, имавме позитивни одговори од Колорадо затоа што имаа минимални шанси да се квалификуваат понатаму. Но, пред скоро добивме порака дека тимот има шанси да оди понатаму.
– Се надевам дека ќе се појави тој во Талин и ќе го имаме на располагање. За разлика од претходниот циклус, го имаме Теодор Симиќ, кој се надевам дека ќе помогне за игра под кошевите, најголемиот проблем кој го имавме претходно со такви физички репрезентации. Тука гледам наша шанса и за некоја брза игра, да ги бркаме тие пет поени негатива во Талин, – истакна Александар Јончевски.
-
Лига на нации11 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
Балкан23 часа
Арнаутовиќ ги „запали“ српските навивачи со изјавата која ја даде по поразот на „Маракана“ (Видео)
-
АТП10 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации23 часа
Арда го замолкуваше Собослаи, па ја потврди доминацијата на Турција (Видео)
-
АТП21 час
Ѓоковиќ се растрча како да има десет години помалку, па закажа осминафинале со својот „редовен пациент“ (Видео)
-
Лига на нации24 часа
Катастрофалната грешка на Австријците ја најави победата на Србија во Белград (Видео)
-
Лига на нации12 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Лига на нации11 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)