Поврзете се со нас

Лига Европа

Хумелс им се извини на соиграчите и фановитe: Го упропастив сонот на сите во Рома

Објавено

на

foto: x.com/ASRomaEN

Рома имаше минимална предност од првиот натпревар против Атлетик Билбао, но не успеа да ја претвори во четвртфинале во Лига Европа на гостувањето во Шпанија.

Клучен момент веројатно беше црвениот картон кој Матс Хумелс го заработи уште во 11. минута, а по кој Атлетик направи поголем притисок и до крајот постигна три гола во мрежата на „волчицата“.

Искусниот Германец по средбата им се извинил на соиграчите, а тоа го направи и преку социјалните мрежи, јасно преземајќи одговорност за неуспехот во Билбао.

– Жал ми е Рома, им се извинувам на фановите и соиграчите.

– Ги изневерив сите денеска со една грешка која едноставно беше глупава. Овие натпревари се тие на кои мојот тим треба да се потпре на мене, но сега јас упропастив се и го оставив клубот без остварување на сонот да ја освои Лига Европа. Не знам што друго да кажам и јас сум многу разочаран како сите други, – напишал Хумелс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни