Поврзете се со нас

Шпанија

Ханси Флик обелодени каква порака имал за своите играчи по ремито со Бетис

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона не успеа целосно да профитира од поразот на Реал Мадрид и освои само бод во дуелот со Бетис на домашен терен, па и покрај големата шанса која ја пропушти каталонскиот великан, Ханси Флик е задоволен од епилогот на најновата рунда во Ла Лига.

Поразот на Реал на домашен терен од Валенсија го прави ремито со Бетис далеку поприфатливо, а тоа го тера Ханси Флик да размислува само на позитивните работи од пресметката со андалузискиот ривал.

– Веднаш по средбата, им порачав на играчите дека останува еден натпревар помалку, а дека имаме бод повеќе на табелата. Сакам да мислам само на позитивните работи, тимот даде се што имаше и креираше доволно за втор гол во второто полувреме. Немавме доволно среќа пред противничкиот гол и задоволен сум од изгледот на тимот.

– Има денови кога топката не сака да влезе во голот и треба да го прифатиме тоа. Се обидовме на разноразни начини, но на крајот не успеавме да победиме. Ги издвојувам само позитивните работи од овој меч, имаме бод плус на контото, а веќе сме во месец април. Се наоѓаме во добра ситуација и остануваме цврсто да стоиме на земја.

– Не се грижам премногу за тоа што се случува во Мадрид. Овој тим зависи од себе и концентрирани сме само на нас. До крајот на сезоната ќе играме натпревар со Реал на овој стадион и ќе видиме што ќе се случи до тогаш, – изјави Флик.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни