АТП
Симон за најголемиот проблем на Ѓоковиќ: Тој се бори…

Новак Ѓоковиќ е последниот ас кој се уште е активен од „големата тројка“, ас кој се уште е во топ 10 на АТП листата, ама далеку е од своите најдобри изданија и да освојува титули.
Најнова потврда за тоа добивме на Мастерсот во Мајами каде на Србинот му се отвори патот да дојде до толку посакуваната, јубилејна 100. титула, односно кога сите го видоа како тој на Флорида доаѓа до нов пехар тој падна на завршниот испит, финалето против младиот Јакуб Меншик.
Кога повторно ќе добие шанса да дојде до 100-ката останува да видиме, а Жил Симон кој добро го познава Србинот посочи што е најголемиот проблем за поранешниот светски рекет број еден.
-Ако има играч кој го знае патот, тоа е Новак, но тој се бори против нешто што е тешко и нешто што не може да го има – тоа е времето. Времето оди во една насока и тој работи напорно, сигурен сум, за да биде што е можно поздрав. Тенисот не е проблемот, туку само телото.
-Еднаш кажав дека нема да освои 30 грен слемови. Реков и дека ако дојде до 25, тоа е максимумот. Денес разбираме дека времето сите ги фаќа, тој го сфати и тоа. Сигурен сум дека го сфатил тоа порано, но го чувствува тоа сега. Ќе има добри недели, а кога ќе има добра недела, тој е играч што може се да освои, -порача Симон кој своевремено беше шести на АТП листата.
-
Свет23 часа
Омилениот клуб на Папата испрати последен поздрав: Фан со кој се гордеевме!
-
Англија21 час
По Де Брујне заминува уште една клупска легенда: Сити му ја соопштил конечната одлука на важен играч
-
Италија19 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
Англија20 часа
Барнли го доби дербито, се враќа во Премиер лигата во пакет со Лидс Јунајтед
-
НБА18 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
Италија22 часа
Од голман до гол: Серија А ја издвои „Гасперини бол“ акцијата за победа на Аталанта (Видео)
-
НБА8 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Варди им се извини на фановите: Лестер имаше засрамувачка сезона