Поврзете се со нас

Светски првенства

ФИФА планира американско-мексикански дуел за испразнетото место на Светското клупско првенство

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/fifamedia

Светската фудбалска федерација (ФИФА) наскоро мора да го официјализира начинот на кој ќе биде пополнето последното место за Светското клупско првенство, позиција која беше испразнета со дисквалификацијата на Клуб Леон од Мексико.

Последната најава е дека ќе биде организиран плејоф натпревар меѓу Лос Анџелес и Клуб Америка, американско-мексиканска пресметка чиј победник ќе обезбеди место на клупскиот мундијал.

МЛС претставникот загуби од Клуб Леон во финалето на КОНКАКАФ Купот на шампиони во 2023 година, додека Клуб Америка е клубот со втор најдобар рејтинг од истата конфедерација, кој не обезбедил место на турнирот во САД. Светската фудбалска федерација денеска потврдила дека разгледува вакво сценарио.

ФИФА го исфрли Клуб Леон поради прекршувањето на правилото за сопственост на повеќе клубови од иста компанија, а во случајов во таква ситуација се најдоа мексиканските претставници Клуб Леон и Пачука.

Мексиканскиот клуб испрати жалба до Спортскиот арбитражен суд во Лозана, а на испразнетото место се надева и костариканскиот клуб Алахуленсе, кој фактички и го пријави Клуб Леон во ФИФА за спорната сопственичка структура.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни