Атлетика
Чудесниот Дуплантис продолжи да ги поместува границите: Мондо со нов рекорд во Франција (Видео)

Арманд Дуплантис нема ниту еден достоен ривал во светот на атлетиката веќе неколку години, па во ситуација кога води битка сам со себе, секојпат се обидува да ја помести летвичката за еден сантиметар повеќе.
Дуплантис три пати го порави својот светски рекорд во 2024-та година, а сега во период од 11 месеци и по четврти пат урна и постави нов рекорд.
Популарниот Мондо без проблеми славеше на митингот во Клермон-Ферлан во Франција, такашто овојпат летвичката ја постави на 6 метри и 27 сантиметри.
Претходниот рекорд кој го постави на Дијамантската лига изнесуваше 6 метри и 26 сантиметри, па со новиот ској ја помести границата за уште еден сантиметар и по 11-ти пат во кариерата постави светски рекорд.
Истовремено, ова е нов рекорд во затворени услови, бидејќи претходниот рекорд во сала кој го постави Дуплантис изнесуваше 6,22 метри.
Here is the moment Mondo Duplantis broke the World Record in the Pole Vault with 6.27m in France!!🤯🤯
11 World Records so far in his career!! A LEGEND.pic.twitter.com/WCXfr1qe6I
— Track & Field Gazette (@TrackGazette) February 28, 2025
-
Игри на среќа23 часа
Евротип: Бомба од тикет за гигантска добивка
-
Свет22 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони12 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет11 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Англија23 часа
Галас за потегот на Артета: Тоа покажува дека не е тренер од светска класа
-
Италија7 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија22 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија21 час
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)