Поврзете се со нас

Свет

Кари гледаше фудбал поради Меси, Интер Мајами доживеа пораз во Ел-Еј (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/InterMiamiCF

Лионел Меси не успеа да го совлада искусниот Иго Лорис, а неговиот тим Интер Мајами загуби на гостувањето кај Лос Анџелес во четвртфиналето на КОНКАКАФ Купот на шампиони.

Аргентинецот по подолго време беше стартер и го предводеше составот од Флорида на ова незгодно гостување, но ниту еден од неговите обиди не заврши во мрежата на францускиот голман, додека на спротивната страна домаќините успеаја еднаш да реализираат.

Тоа се случи во 57. минута кога Нејтан Ордаз ги израдува домашните фанови и му обезбеди минимална предност на тимот од Ел-Еј во пресрет на реваншот.

На трибините во Лос Анџелес беа забележани голем број ВИП личност, а поради Меси, фудбал гледаше и Стеф Кари, чија екипа вечерва кај Лејкерс во НБА лигата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни