Поврзете се со нас

Италија

Кикс на шампионот: Интер се „лизна“ на „Енио Тардини“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA

Бранителот на трофејот во италијанската Серија А, Интер не успеа да го оствари посакуваниот резулат на вечерашното гостување кај Парма на „Енио Тардини“.

„Нероаѕурите“ одново одиграа две различни полувремиња и тоа овојпат можеше и скапо да ги чини, поточно противникот беше во позиција и да ги шокира во судиското продолжение во кое промаши шанса за 3-2.

Интер го доби првиот дел со 2-0 со головите на Дармијан во 15 и Тирам во 45 минута, но домаќинот беше поконретен во второто полувреме и успеа од 60 до 69 минута да дојде до 2-2 благодарение на Бернабе и Ондрејка.

До крајот имаше голема борба, а најголемата шанса за пресврт ја пропушти Парма во дополнителните минути.

Сега Наполи има можност да дојде на само минус еден од лидерот Интер, меѓутоа го очекува пеколно тешка задача затоа што и гостува на залетаната Болоња.

ОВДЕ погледнете ги сите головите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни