Поврзете се со нас

Олимписки игри

Организаторите на ЛОИ во Париз добиле 220 барања за промена на медалите

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/USASwimming

Спортистите кои освоија медал на последните Олимписки игри во Париз добија ветување дека во било кое време може да побараат замена на истите, доколку детектираат некое нивно оштетување.

Според официјалните информации од организаторите, досега стигнале 220 барања за замена на медалите, на чија површина е забележано оштетување кое не е предизвикано од нивните сопственици.

Медалите беа изработени до познат француски бренд за луксузен накит, а во нив е вметнат и мал дел железо од Ајфеловата кула, кој е обезбеден при последната реставрација направена минатиот век.

Неколку спортисти објавија фотографии и видеа од медалите, жалејќи се на слабиот квалитет на нивната изработка, а организаторите велат дека 220-те барања за замена се еквивалент на 4 проценти од доделените медали на ЛОИ во Париз.

Изработката на нови медали оди според редоследот на добиените барања, па спортистите во одреден рок ќе си ја добијат бараната замена.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни