Англија
Челси го прекршил финансискиот фер-плеј, може да заработи казна од УЕФА

Европската фудбалска федерација (УЕФА) утврдила прекршување на правилата на финансискиот фер плеј од страна на Челси и англискиот клуб се соочува со можна казна и исфрлување од европските купови.
Познато е дека Челси беше во голема негатива поради големите инвестиции во трансфери последните години, па изминатиов период се обидуваше да го подобри статусот со излезни трансфери, како и продажба на женскиот клуб.
Токму последната ставка тешка 200 милиони фунти не била призната од УЕФА како соодветна во прикажувањето на приходите, а причина е фактот што купувачот е сестринска компанија на клубот.
Овој договор за продажба помина кај одговорните во Премиер лигата кои го признаа како соодветен приход и Челси избегна казна на домашен терен, но УЕФА отворила случај затоа што англискиот клуб има поголеми трошоци од предвиденото.
Медиумите тврдат дека Челси отворил итни преговори со УЕФА за да избегне исфрлување од европските купови, при што ќе прифати одреден план за намалување на трошоците наредните три години.
Покрај женскиот клуб, на сестринска компанија се продадени и два хотела, па ако се иземат приходите од двете зделки, минусот на Челси стигнува до 358 милиони фунти или двојно повеќе од тоа што е дозволено за период од три години.
-
Италија23 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
НБА22 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
НБА9 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА12 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Англија7 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Лига на шампиони11 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Шпанија13 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
Германија12 часа
Леверкузен се подготува за заминување на Алонсо: Имаме џентлменски договор со него…