Репрезентација
Зеќири е оптимист: Пред оваа репрезентација е светла иднина

Македонија ја надигра Полска со 88-74 и со победа ги затвори квалификаците за Европското првенство кое е на програмата оваа година.
Ова беше втора нашата победа во групата, втор триумф над Полјаците во кој Ти Џеј Шортс и Андреј Маслинко искомбинираа 45 поени, но значајна улога исто имаше Лејсон Зеќири со 17 кошеви, 7 скока, 4 асистенции, 1 украдена топка и 1 блокада.
-Селекторот ни даде доверба на сите, веруваше во нас, сите бевме тука едни за други и сето тоа придонесе да се случи она што се случи на теренот – со колективна игра стигнавме до заслужена победа. Пресреќен сум за моите бројки, покажав дека можам да играм за оваа репрезентација, да дадам свој придонес за една голема победа. Верувам дека ако продолжиме со вакви игри пред нашата репрезентација е светла иднина, -порача Зеќири.
-
Свет16 часа
„Топка со очи“: Белингам го извади од игра цел албански тим со еден потег (Видео)
-
Репрезентација11 часа
Милевски ја одреди почетната постава: Почнуваме со двајца напаѓачи против Лихтенштајн
-
Англија12 часа
„ОПТА“ открива: Кој фудбалери оди, а кој трча најмногу во Премиер лигата
-
Репрезентација8 часа
Македонија супериорна во Вадуц: „Тројка“ за идеален почеток на квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Алварез за спорниот пенал против Реал: Ја гледав снимката илјада пати…(ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Тухел разочаран од двајца англиски стартери: Во клубовите играа на многу повисоко ниво
-
Формула 117 часа
Прва победа со Ферари: Хамилтон триумфираше на спринтот во Кина
-
Репрезентација9 часа
Атрактивен гол на Муслиу, Македонија има сигурна предност во Вадуц (ВИДЕО)