Олимписки игри
„Златна Олимпија 2024“: Рељиќ е најдобра спортистка, посебно признание и за Спортско радио 90,3
Македонскиот Олимписки Комитет и годинава ја продолжи традицијата со доделување на наградите „Златна Олимпија“, со кои се оддава признание на дамите во спортот.
Прогласени се најдобрите спортисти, тренери и спортски работници во женска конкуренција, а доделени се и неколку посебни признанија за индивидуалци и медиуми кои придонесуваат за родовата еднаквост во спортот.
Милијана Рељиќ е прогласена за спортистка на годината, благодарение на својот четвртфинален пласман на таеквондо олимпискиот турнир во Париз, додека кикбоксерката Ивана Димовска доби признаение за најперспективен спортист во женска конкуренција.
Признанието за женски тренер на годината го поделија Ивана Аврамова (карате) и Жаклина Стојановска (кошарка).
За најистакната спортска работничка беше прогласена Соња Спасовска од КФСМ.
Фудбалската федерација на Македонија доби признание за посветеност и унапредување на родовата еднаквост, а посебно признание му беше доделено и на Спортско радио 90,3, како медиум кој изминатиот период преку неколку проекти стави акцент во својата програма за улогата на жените во спортот.
Кикбокс маитаи тимот на Македонија беше прогласен за федерација со најголеми успеси. Спортски подвиг на годината изведе Радмила Јованова, ултрамаратонка, додека наградата за животно дело ја доби Луиза Гашева. Ребека Јанковска Ристески беше наградена за нејзината заложба за деца со попреченост.
Признанија добија и Црвениот Крст, Волонтерскиот центар Скопје, Интернационалната полициска организација (ИПА) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за нивната поддршка и придонес во спортот.
-
Англија18 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП11 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија11 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација13 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Македонија20 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија24 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Германија14 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)