Поврзете се со нас

Репрезентација

Фудбалерките до 19 години славеа над Литванија

Објавено

на

foto: ffm.mk

Женската репрезентација на Македонија до 19 години оствари минимална победа над Литванија (1-0) во првиот натпревар од квалификацискиот турнир од Б лигата (втора рунда) за пласман во А лигата на квалификации за Европското првенство.

На стадионот Лучко во Хрватска, избраничките на селекторот Астрит Мерко забележаа многу значајна победа во борбата за што повисок пласман во групата Б5.

Погодокот за победа беше постигнат во 92. минута од мечот. Противникот преку Сапаите си постигна афтогол, што беше доволен за минимална победа на Македонија.

Квалификациски турнир за жени  во Хрватска;

Репрезентации до 19 години;

Група 5 (Б лига);

Македонија – Литванија   1:0 (0:0)

Македонија: Ведрана Комненова, Ива Јованоска, Катерина Петкова, Слаѓана Ѓорѓиева, Васка Василева, Сара Дика (Михаела Додевска 85′), Ива Јосифова, Анастасиа Илиевска, Елена Симјанова (Мелиса Димитриоска 90′), Емили Митковска (Ана Боризоска 64′), Кристина Крстева;

Селектор: Астрит Мерко;

На 4. април, во рамките на второто коло од турнирот, Македонија ќе игра против Ерменија, со почеток во 16:30, на стадионот Лучко.

Во последното коло, нашата селекција ќе игра против домаќинот Хрватска. Овој натпревар ќе се одигра на 7. април со почеток во 12:30 часот, на стадионот Карловац.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни