Поврзете се со нас

Свет

Голема трагедија: Италијански мотоциклист и инфлуенсер го загуби животот на трка во Германија

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/lucasalvadoriofficial

Италијанскиот мотоциклист и инфлуенсер Лука Салвадори им подлегнал на повредите заработени при неговиот вчерашен настап во Германија.

32-годишниот Салвадори бил дел од инцидентот во кој учествувале неколку мотоциклисти, а падот на патеката Фробург се покажал како фатален и лекарите не успеале да го спасат неговиот живот.

Салвадори учествувал на гран-при викенд од Светскиот шампионат во улични трки, а изминатиот период настапуваше и во други мотоциклистички серии.

Покрај успесите на патеките, Салвадори имаше посебно место кај фановите на мотоциклизмот поради своето присуство на социјалните мрежи, каде со речиси 600.000 претплатници на својот Јутјуб канал со право важеше за еден од најважните инфлуенсери во овој спорт.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни