Англија
Нани со топла трансфер препорака до Јунајтед: Верувајте ми на зборот

Луиш Нани своевремено беше еден од најталентираните играчи во светот и остави своја трага како ѕвезда во Манчестер Јунајтед, клуб кој за разлика од негово време, во последните неколку години минува низ навистина тежок период.
Пензионираниот португалски фудбалер беше дел од Јунајтед во период од осум години и освои се што може да се освои во клубот, а како фудбалер кој своевремено имаше важен статус, во разговорот со Рио Фердинанд си даде за право да испорача еден трансфер предлог до „ѓаволите“.
– Последниот натпревар во кариерата го одиграв против Спортинг Лисабон и загубивме 6:1 или 6:0, веќе не се ни сеќавам точно. Тоа беше неверојатен натпревар, после 10 минути веќе губевме 3:0. Начинот на кој играа беше неверојатен и тренер се уште беше Аморим. Начинот на кој ја движеа топката, нивните крила, нивниот напаѓач……..
– Ѓекереш е неверојатен, тој посебно ми остави впечаток. Беше многу позрел од пред една година претходно. Сега ги користи своите квалитети во вистински момент, не губи енергија на непотребни дуели. Тој го контролира мечот за својот тим и навистина прави разлика. Дава голови, дели асистенции, тој е играч кој сега е подготвен за Премиер лигата, верувајте ми на зборот.
– Пред една година не беше така, дефанзивците во Премиер лигата ќе го „изедеа“, но сега игра попаметно, ја користи главата и се претвори во карпа. Ви се колнам дека е подготвен за Премиер лигата. Сакам да видам како завршува во Манчестер Јунајтед, бидејќи потребни ни се играчи како него. Тој постигнува гол речиси секој викенд. Ако не постигне гол, дели асистенција, креира нешто за тимот. Дојдете еднаш да го гледате во живо во Португалија и ќе сфатите што ви зборувам, – му вели Нани на Фердинанд.
-
НБА11 часа
Вестбрук му ја уништи историската вечер на Јокиќ, па тргна да се пресметува со еден фан на Денвер (Видео)
-
Шпанија14 часа
Реакцијата на Надал по голот на Ридигер е хит меѓу фановите на Реал (Видео)
-
НБА15 часа
Јокиќ испорача 61 поен, Вестбрук му ја упропасти историската партија со два шокантни потези (Видео)
-
Шпанија15 часа
Тренерот на Сосиедад огорчен: Реал е доволно голем клуб за да не добива ваква помош (Видео)
-
Шпанија24 часа
„Кралевите“ го преживеаа Сосиедад: Ридигер погоди во 115 минута, Реал прв патник во финалето на Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Македонија12 часа
Георгиевски ги повикува навивачите пред дербито со Алкалоид: Да се покажеме со хуман гест
-
Шпанија5 часа
Лапорта и одговори на Ла Лига: Ова нема да го дозволам…
-
Балкан5 часа
Утврден терминот за хуманитарниот меч Македонија и Бугарија, ќе играат Пандев, Стоичков, Божинов…