Поврзете се со нас

Свет

Голман доби бизарен подарок откако беше прогласен за играч на натпреварот во Норвешка (Фото)

Објавено

на

Фото: brynefk.no

Традицијата за доделување симболично признание за фудбалерите кои се избрани за МВП на одреден натпревар се прошири низ Европа, а вообичаено се работи за мини трофеј кој му се доделува на најдобриот индивидуалец по крајот на средбата.

Норвешкиот клуб Брине го привлече вниманието на европските медиуми и јавноста откако на натпреварот со Бодо додели навистина невообичаен подарок за најдобриот фудбалер, во случајов голманот Јан де Бур.

Гостите кои беа голем фаворит победија со 1:0, но Де Бур бил најдобар поединец не теренот, бранејќи пенал и спречувајќи многу други шанси за поубедлив триумф на Бодо, со што си заработи четири табли јајца.

Де Бур не изгледа премногу воодушевен на фотографијата со признанието за играч на натпреварот, но клубот Брине е горд поради својата конекција со локалното население кое најмногу се занимава со фармерство. Клубот најави дека на следниот натпревар во недела, признанието ќе биде поголема количина млеко.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни