Поврзете се со нас

Формула 1

Марко за одлуките и приоритетите на Ред Бул: Погрешивме со Лоусон, свесни сме за ризикот со Ферстапен

Објавено

на

Foto:twitter.com/F1

Ред Бул се најде во фокусот на Формула 1 фановите со одлуката да им ги замени позициите на Лиам Лоусон и Јуки Цунода и да го испрати 23-годишниот возач од Нов Зеланд во вториот тим по само две трки.

Екипата чиј прв возач Макс Ферстапен и сезонава ја брани Ф1 титулата реши да не му даде дополнителна шанса на Лоусон, а Хелмут Марко како еден од највлијателните во менаџментот зборувал искрено за целата ситуација, како и досегашното заостанување на Ферстапен зад ривалите од Мекларен.

– Направивме грешка со Лоусон, неговите перформанси не беа доволно добри, а причина за тоа е загубената самодоверба.

– Решивме сега да ја направиме промената поради проценката дека неговата самодоверба е толку нарушена што не може да испорача вообичаени перформанси на патеката, – рекол Марко, кој зборувал и за статусот на Ферстапен.

– Имаме голема мотивација да стигнеме до петта титула со Макс, а исто така знаеме дека ако не испорачаме добар болид, сите врвни возачи имаат клаузула поврзана со перформансите во своите договори. Затоа мора да се осигураме дека ќе добие болид со кој ќе биде конкурентен за остварување победи, – рекол Марко.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни