Поврзете се со нас

Шпанија

Капитенот на Сосиедад: Овие играчи на Реал треба да ги убиеш неколку пати…… (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/RealSociedad

Микел Ојарзабал како капитен на Реал Сосиедад го постигна голот за 3:4 кој го однесе полуфиналето против Реал во продлженија, но и покрај тоа што неговиот тим постигна четири гола, на крајот мораше да се помири со болна елиминација.

Голот на Ридигер во 115-та минута значеше дека Реал и со реми е патник во големото финале, па Ојарзабал и неговите соиграчи можеа само да жалат што не профитираа од четирите постигнати погодоци на „Сантијаго Бернабеу“.

Како лидер на теренот и надвор од него, Ојарзабал се соочил со шпанските новинари веднаш по натпреварот во микс-зоната, а оттаму испорачал и една изјава која брзо се рашири во јавноста.

– Ова е навистина тешко за прифаќање, дури ми е тешко да ги пронајдам вистинските зборови за да се изразам. Кога водите 1:3 на „Бернабеу“ на десетина минути пред крајот, мислите дека сте многу блиску до победа….

– Но, тие со еден индивидуален потег менуваат се. Овие играчи на Реал Мадрид треба да се убијат неколку пати за конечно да завршите со нив и да забележите победа, – изјави Ојарзабал, алудирајќи на неверојатниот победнички дух на „кралевите“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни