НБА
Јокиќ испорача 61 поен, Вестбрук му ја упропасти историската партија со два шокантни потези (Видео)

Никола Јокиќ испорача партија за паметење во најсилната кошаркарска лига во светот, но и тоа не се покажа како доволно за победа на Денвер во натпревар кој сигурно нема брзо да биде заборавен.
Денвер и Минесота одиграа две продолженија и победникот се решаваше во драматични услови, во кои убедливо најлош беше Расел Вестбрук.
Плејмејкерот на Денвер успеа да ја упропасти историската партија на српскиот кошаркар, кој за 52 минути минати на паркетот забележа 61 поен, 10 скокови, 10 асистенции и 2 украдени топки.
Јокиќ постави личен рекорд по бројот на поени со оваа егзибиција на НБА паркетот, меѓутоа мораше да се помири со болен пораз поради два шоканнти потези на неговиот соиграч.
Во ситуација кога Денвер имаше поен позитива (139:138), Вестбрук најпрво промаши зицер и лесно полагање, а потоа во завршната акција направи непотребен фаул и му овозможи на противникот да изведе три слободни фрлања.
На овој начин, Денвер беше осуден на пропаст, па Минесота си замина со победа од 139:140 од „Бол арената“.
🃏 NIKOLA JOKIĆ, A GAME FOR THE HISTORY BOOKS 🃏
🤯 61 PTS
🤯 10 REB
🤯 10 AST
🤯 6 3PM
🤯 2 STLAn all-time showing from an all-time player! pic.twitter.com/fdFyl2RyHU
— NBA (@NBA) April 2, 2025
-
Свет22 часа
Омилениот клуб на Папата испрати последен поздрав: Фан со кој се гордеевме!
-
Англија20 часа
По Де Брујне заминува уште една клупска легенда: Сити му ја соопштил конечната одлука на важен играч
-
Италија18 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
Англија19 часа
Барнли го доби дербито, се враќа во Премиер лигата во пакет со Лидс Јунајтед
-
НБА17 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
Италија21 час
Од голман до гол: Серија А ја издвои „Гасперини бол“ акцијата за победа на Аталанта (Видео)
-
НБА7 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Англија20 часа
Варди им се извини на фановите: Лестер имаше засрамувачка сезона