Македонија
ФФМ најави казна за срамните сцени во Тетово: За вакви нелуѓе нема место во фудбалот

Фудбалската федерација на Македонија реагираше брзо и со соопштение најави санкции за фудбалскиот клуб Шкендија, чии навивачи денеска предизвикаа скандал со недоличното однесување пред почетокот на прволигашкиот дуел со АП Брера.
Сите натпревари од актуелното коло започнаа со минута молк во чест на жртвите од трагедијата во Кочани, но навивачите на Шкендија решија да изразат целосно непочитување и краткиот период го исполнија со пеење, скандирања и свирежи.
ФФМ неколку часа подоцна најави дисциплинска постапка, со соопштение кое ви го пренесуваме во целост.
– Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа.
– Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства. ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат. За вакви нелуѓе нема место во фудбалот.
– Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата. ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите – без исклучок.
– Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство, – стои во соопштението на ФФМ.
-
Свет21 час
Омилениот клуб на Папата испрати последен поздрав: Фан со кој се гордеевме!
-
Англија18 часа
По Де Брујне заминува уште една клупска легенда: Сити му ја соопштил конечната одлука на важен играч
-
Италија17 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
Англија18 часа
Барнли го доби дербито, се враќа во Премиер лигата во пакет со Лидс Јунајтед
-
Италија20 часа
Од голман до гол: Серија А ја издвои „Гасперини бол“ акцијата за победа на Аталанта (Видео)
-
НБА15 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
Шпанија24 часа
Ханси Флик ги подбра играчите кои не се радуваа на победата над Селта: Не можам да ги разберам
-
НБА6 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)