Поврзете се со нас

Англија

Една поинаква анализа: Голема ѕвезда на Сити е најбавен фудбалер во Премиер лигата (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Статистиките кои ги водат педантните аналитичари секогаш знаат да се најдат во центарот на вниманието на спортската јавност, а особено интересни се анализите поврзани за најбрзите играчи во Европа.

Водечките компании кои се занимаваат на оваа тема доста често ги искакнуваат најбрзите и најексплозивните играчи во Премиер лигата, но овојпат ни е презентирана една статистика која е целосен контраст од она што сме навикнати.

„Опта“ реши да извади податоци од спринтовите кои биле најбавни оваа сезона во англиската елита, а во топ пет се најдоа играчи кои навистина важат за светска класа.

Имено, Бернардо Силва од Манчестер Сити е прогласен за најбавен фудбалер во Премиер лигата оваа сезона со достигнати 29,4 километри на час, што е за осум километри помалку од најбрзиот Мики Ван де Вен.

Втор на неславната листа е Крег Досон од Волвс со развиена брзина од 29,6 километри на час, а во топ пет се уште Микел Мерино од Арсенал, Касемиро од Манчестер Јунајтед и Соучек од Вест Хем.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни