Поврзете се со нас

Балкан

Несторовски погоди во пенал серијата, Славен Белупо ќе се бори за пехарот во Купот на Хрватска

Објавено

на

foto:www.facebook.com/nksb1907

Славен Белупо на Илија Несторовски обезбеди пласман во финалето на Купот на Хрватска и тоа откако вечерва ја доби битката со Осијек.

Двата тима не успеаа да постигнат погодоци во регуларните 90 минута, а мрежите мируваа и по двете продолженија по што пеналите беа тие кои го одлучија патникот во наредната фаза.

Домаќините беа подобри со 4-3 со тоа што еден од оние кој беше прецизен беше и нашиот Несторовски и тоа во првата серија.

Ова за Славен е трето финале во Купот, претходните две во 2007 и 2016 година гии загуби од Динамо Загреб. Ривал ќе им биде подобриот од соочувањето Ријека-Истра.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни