Поврзете се со нас

Англија

Аморим гледа прогрес во Јунајтед, но опомена еден стартер поради себичната игра: Сака да направи премногу

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед одново загуби на натпревар на кој изгледаше дека е подобар тим на теренот, овојпат на гостувањето кај екипата која е најголемо и најпријатно изненадување во Премиер лигата.

Нотингем Форест победи со минимални 1:0 благодарение на неверојатниот гол на Еланга и успеа да се зацврсти на третото место на табелата, додека од друга страна, Јунајтед останува 13-ти и продолжува со неубедливите изданија.

Рубен Аморим како менаџер на тимот брзо направи кратка анализа на сето она што се случуваше на „Сити Граунд“, па иако главен заклучок му е дека гледа напредок во тимот, не пропушти да го опомене и Алехандро Гарначо кој реагираше крајно себично во неколку ситуации, форсирајќи шутеви наместо да додаде до свој соиграч.

– Гледам прогрес во играта и тоа е она што е најважно за мене. Не се лажам себеси, секој може да каже што сака, но јас гледам прогрес во тимот. Знам дека најважни се победите, но играта на тимот е се подобра. Нема време за жалење, ќе бидеме подобри на следниот натпревар. Овојпат самите им помогнавме на ривалите, им ја олеснивме работата и загубивме на натпревар кој требаше да го добиеме. Реми не беше доволно, од тоа што го прикажавме, требаше да победиме, но на крајот останавме без три бода, – изјави Аморим, па посочи.

– Гарначо постојано се обидува, но понекогаш претерува. Во завршната третина не носевме добри одлуки и тоа се одрази на резултатот. Гарначо секогаш трча и се враќа да помогне во одбрана, но кога е во прашање офанзивата, понекогаш сака да направи премногу. Во неколку ситуации можеше да го сочека Доргу, но свесен сум дека негова единствена цел е да му помогне на тимот. Го гледаме во ситуации кога не носи најдобри одлуки, но овојпат тоа не важи само за него, тоа може да се каже за било кој друг играч од офанзивниот дел, – додаде Португалецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни