Поврзете се со нас

Италија

Ди Бјаџо има совршен кандидат за тренер на Рома: Тој е подобро решение од Анчелоти и Клоп

Објавено

на

Фото: https://x.com/OfficialASRoma

Калчолигашот Рома е во потрага по нов тренер, стратег кој ќе го заземе местото на искусниот Клаудио Раниери кој направи вистинско чудо изминативе месеци и успеа да ја донесе екипата дури и да се бори за пласман во Лигата на шампионите.

Меѓутоа Раниери самиот во повеќе наврати има потенцирано дека нема намера долгорочно да останува на оваа позиција на која беше доведен од пензија, поточно пресудна беше неговата љубов за да прифати да ги „гаси пожарот“ на „Олимпико“.

Засега останува отворено прашањето кој би седнал на жешкото столче почнувајќи од натпреварувачката 2025/2026, а Луиџи Ди Бјаџо како некогашен играч на „волчицата“ има едно решение.

-Совршеното име за Рома во моментов не е Анчелоти или Клоп, туку Антонио Конте. Тој можеби е само сон, но би бил идеален. На Рома и треба цврстина, но дури и Пиоли би бил добар избор, -смета некогашниот италијански репрезентативец,

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни