Поврзете се со нас

Свет

Специјална порака: Меси му го посвети голот во МЛС на Ѓоковиќ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/InterMiamiCF

Лионел Меси се врати на натпреварите во МЛС и постигна гол на дуелот меѓу Интер Мајами и Филаделфија, а по реализацијата реши да му го посвети погодокот на Новак Ѓоковиќ.

Аргентинецот влезе во игра во вториот дел и реализираше само две минути откако се најде на теренот, а тој втор гол за Интер Мајами се покажа како доволен за триумф над Филаделфија со 2:1.

Откако го прослави погодокот со соиграчите, Меси со тениска гестикулација и поглед кон трибините испрати порака до Ѓоковиќ, со кога имаше интересно дружење пред и по полуфиналето на Мастерсот во Мајами.

Големите спортски ѕвезди си разменија и подароци, Ѓоковиќ имал интересен разговор и со децата на Меси, а по мечот и триумфот над Димитров, српскиот тенисер зборуваше дека е воодушевен што играл пред Аргентинецот.

Ноле потврди дека ја примил пораката објавувајќи го потегот на Меси како Инстаграм стори на својот профил.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни