Одбојка
Миленкоски повторно ќе ја води одбојкарската репрезентација на Македонија

Најдобриот македонски одбојкарски стратег, Јошко Миленкоски е назначен за нов предводник на македонската машка репрезентација.
Ова за трофејниот Миленкоски е враќање на позната функција, поточно трет мандат на клупата на машкиот сениорски национален тим. На Јошко ќе му помага Кристијан Ристески, човекот кој го води составот на Штип УГД.
Управниот одбор на ОФМ воедно потврди Стефан Пауновиќ ќе продолжи да ги води одбојкарките, ама ќе му помага Душко Деспотовски.
Машката селекција пак до 19 години ќе ја предводи Дејан Стојанов, а ќе му асистираат Васе Михаилов и Бесим Реџа. Александар Митев и Бранка Каленикова пак ќе бидат на клупата кај дамите пак до оваа возраст. Овие две генерации ќе ја претставуваат Македонија на балканските шампионати ова лето.
На Европските Младински Олимписки Игри (ЕМОФ 2025) ќе се натпреваруваат машката и женската селекција до 18 години. Момчињата ќе ги предводат Атанас Милев, Васе Михаилов и Бесим Реџа, додека кај девојките во стручниот штаб се Никола Јаневиќ и Александар Темелковски.
Горан Славков и Виктор Зафиров се тренерите кои ќе ја предводат женската селекција до 16 години на Балканскиот шампионат летово.
Одредено е дека тренер/селектор на репрезентацијата во одбојка на песок мажи/жени се Горан Славков и Димитар Јатовски
-
Формула 116 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Шпанија13 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија15 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија11 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија9 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства11 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 110 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА15 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)