Македонија
ЖРК Атлетик – нов клуб на ракометната мапа: Целта е да се фокусираме на македонски играчи

Ракометот без никаква конкуренција е спорт број еден во нашата земја со години наназад, па како што одминува времето, така амбициите и плановите растат и се развиваат и кај клубови кои неодамна се формирани.
Последен доказ за такво нешто е Алкалоид кој успеа да оствари историски пласман во полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ, приказна која треба да послужи како добар пример за некои останати новооформени клубови како што е случајот и со ЖРК Атлетик.
Женскиот ракометен клуб изминативе денови се промовираше на ракометната мапа во Македонија и целта е да се изгради структура која ќе донесе резултат на кадетско и сениорски ниво, амбиции за кои зборуваше и претседателот на клубот, Горан Стојков.
– Целите кои ги имаме како клуб се јасни, сакаме да обрнеме поголемо внимание со македонските играчи, да се фокусираме на македонскиот ракомет. Сметаме дека со нашето знаење и искуство кое го имаме стекнато во изминативе неколку децении ќе придонесеме за нешто ново, за нешто интересно на ракометната мапа.
– Во овој момент мислам дека машкиот ракомет е на завидно ниво и тоа е за поздрав, но треба да се обрне внимание и на женскиот ракомет. Ние сме тие што можеме да направиме нешто ново, некои што би донеле нови добри резултати во иднина.
– Документацијата за работа на клубот е изготвена, канцеларија имаме, а тренинзите и натпреварите ќе ги имаме во салата „Јане Сандански“. Сите простории ќе ни бидат овозможени за функционирање, исклучиво ќе работиме со македонски играчи и целта ќе биде од нив да изградиме играчи кои би донеле поголем квалитет во репрезентацијата, – вели Стојков.
Во ексклузивното интервју за „Спортско радио 90,3 фм“, господинот Стојков доби шанса да го презентира целиот проект на клубот, а комплетниот разговор проследете го на следниот ЛИНК
-
Италија24 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
НБА23 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Барселона испрати 40 удари на „Монжуик“ и со доста мака го урна „ѕидот“ наречен Лео Роман (Видео)
-
Македонија17 часа
Одборот на судии: Силекс израмнил од офсајд, Воска направи преседан против Вардар!
-
Лига на шампиони24 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Македонија22 часа
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар
-
Шпанија14 часа
Кафу го одобри најавениот трансфер на Реал: И за мене велеа дека не сум добар во дефанзива…..
-
Англија21 час
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти