Поврзете се со нас

Одбојка

Куп завршница во одбојка преку „Фајнал Фор“ турнири во Радовиш

Објавено

на

Четири екипи во машка и четири екипи во женска конкуренција ќе се борат за првиот пехар на домашната одбојкарска сцена, Купот на ОФМ 2025, кој од 3 до 5 април ќе се одржи во спортската сала „25. Мај“ во Радовиш.

По вторпат во куп-историјата, финалниот турнир ќе го организираат Одбојкарската федерација на Македонија и општина Радовиш како технички организатор.

Тридневната куп-програма стартува на 3 април (четврток) со полуфиналните дуели во машка конкуренција. Бранителот на пехарот „Штип УГД“ во првото полуфинале од 16 часот ќе се соочи со „Работнички“, додека „Струмица“ во вториот полуфинален меч, од 19 часот, ќе ги измери силите со велешки „Борец“.

Женските полуфинални дуели се предвидени за 4 април (петок). „Наковски Волеј“ и „Фит Фан Волеј“ се првата полуфинална двојка, која игра од 17 часот, додека второто полуфинале во кое се соочуваат „Работнички Скопје“ и „Јанта Волеј КВ“ е закажано од 20 часот. Патот до титулата кај дамите е отворен, откако бранителот на трофејот – „Струмица“ беше елиминиран во осминафиналето.

В сабота, 5 април во салата „25. Мај“ во Радовиш ќе се одиграат финалните натпревари. Од 16 часот ќе започне финалето во женска конкуренција, додека за 19 часот е закажан дуелот за трофејот кај мажите.

Сите натпревари од финалниот турнир од Купот на ОФМ ќе имаат директен пренос на националниот сервис.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни