Поврзете се со нас

Италија

Буфон: Тудор носи една многу важна работа во Јувентус во навистина тежок момент

Објавено

на

foto:x.com/gianluigibuffon

Игор Тудор прифати да стави „раце во оган“ и да го „гасне пожарот“ кој избувна во Торино под водство на Тиаго Мота, и тоа пред пресудните два месеци во тековната натпреварувачка сезона.

Познатиот хрватски стручњак во минатото работеше во Јувентус како асистент, но овојпат доби улога како шеф на стручниот штаб и до крајот на сезоната ќе има за задача да го разбуди и да го освести тимот кој има една примарна цел, а тоа е да обезбеди место во Лигата на шампиони.

Тудор дебитираше со минимална победа над Џенова со резултат 1:0, а според Буфон тоа е добра појдовна точка пред она што следи во април и мај.

– Игор е некој кој добро го познава Јувентус, човек кој добро ја познава целата атмосфера во клубот. Тудор носи една многу важна работа во овој тежок период. Носи свежа енергија која му е и тоа како потребна на Јувентус во овие два месеци. Никој не знае што носи иднината, ќе мора да почекаме да видиме како ќе заврши овој период, – вели Џанлуиџи Буфон, кој пак од самиот старт на сезоната немаше дилеми за шампионската битка во Серија А.

– Уште од јули повторувам една работа. Велев дека Наполи ќе заврши на првото или второто место, а дека Интер е гаранција за топ два. Интер е убедливо најсилен тим во лигата, но во завршницата од сезоната ќе имаа тежок распоред и ќе играат на секои три дена. Тоа може да биде пресудно во битката за титулата, – предупредува Буфон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни