Поврзете се со нас

Шпанија

„Кралевите“ го преживеаа Сосиедад: Ридигер погоди во 115 минута, Реал прв патник во финалето на Купот на Шпанија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Реал Мадрид е првиот патник во финалето на Копа Дел Реј и тоа откако вечерва излезе како победник од драмата со Реал Сосиедад.

Избраниците на Карло Анчелоти не го добија овој меч, но конечните 4-4 по 120 минути игра беа доволно за да се мине оваа полуфинална пречка поради остварениот триумф од 1-0 на гостински терен во Сан Себастијан.

Беренечеа и Ендрик стрелаа во првиот дел за 1-1 за да во второто полувреме почнувајќи од 72 минута да бидеме сведоци за фудбалска драма.

Алаба си постигна автогол, а потоа и Ојарзабал погоди за 3-1, резултат кој гостите ги водеше во мечот за пехарот. Потоа дојдоа минути за домаќинот и тоа од 82 до 86 дојде до 3-3, но тука не беше крајот на возбудувањата затоа што по еден прекин во 93 минута Ојарзабал со гол со глава реализираше за 4-3 за баскијците и продолженија.

Се некако изгледаше дека ќе гледаме пенали, меѓутоа по корнерот во 115 минута кој го изведе Гулер, дефанзивецот Ридигер се најде на вистинско место за 4-4 и резултат со кој клубот од Мадрид го грабна билетот за финалето каде ќе игра со подобриот од Атлетико Мадрид-Барселона.

ОВДЕ погледнете ги сите возбудувања.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни