Поврзете се со нас

Евролига

Репрезентативецот повторно е број еден: Шортс е МВП на колото во Евролигата

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс имаше квалитетно издание во соочувањето со Панатинаикос, меч во кој одигра клучна улога во големата победа на Париз во Атина со 101:98.

Шортс беше на чекор да оствари трипл-дабл, уфрли 20 поени со 9 скока, 14 асистенции, 2 украдени топки, изнуди 9 фаули или поточно собра 36 индексни поени со што го доби признанието МВП на колото во Евролигата.

Плејмејмејкерот и во минатата рунда ја понесе наградата за најкорисен играч или во оваа сезона дури четири пати беше број еден што е фантастичен учинок за играчот кој ја игра својата прва сезона во најсилното кошаркарско натпреварување во Европа.

Зад Ти-Џеј останаа Никола Миротиќ од Олимпија Милано со индекс на корисност 32 и Кендрик Нан од Панатинаикос со 31.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни