Свет
МЛС лигата го остави Меси без својот познат телохранител: Јас не сум проблемот

Лионел Меси пристигна во Интер Мајами во 2023-та година, а од првиот негов настап за американскиот клуб, составен дел од секој натпревар беше личниот телохранител, Јасин Чеуко.
Поранешниот американски војник стана симбол за секој натпревар на Интер Мајами на кој играше најголемата фудбалска ѕвезда во Америка, но според најновите правила кои беа воведени во лигата, МЛС изрече точка според која Чеуко веќе не смее да биде блиску до теренот.
МЛС лигата смета дека има доволно добро обезбедување за да се врши контрола на навивачите, па во иднина нема да можеме да ги гледаме препознатливите спринтови на Чеуко со кој тој често знаеше да спречи директна средба меѓу Меси и фановите.
– Според новите норми од стартот на сезоната, јас веќе не смеам да бидам блиску до теренот. Пред да почнам да работам во Америка, седум години работев во Лига 1 и во Лигата на шампиони, а во тоа време, само шест луѓе беа натрапници на теренот.
– Откако почнав да го работам ова во Америка, за 20 месеци имаше 16 натрапници на теренот. Има голем проблем со оваа работа во Америка. Јас не сум проблемот, јас сум тука за да помогнам, а сега не ми овозможуваат да му помогнам на Меси. Ги сакам МЛС и КОНКАКАФ, но потребно е да работиме заедно за решавање на проблемот. Сакам да им помогнам. Не велам дека сум подобар од било кого, но имам доволно големо искуство од Европа и знам да препознаам одредени ситуации. Ја разбирам нивната одлука, но мислам дека заедно ќе бидеме многу подобри, – вели Јасин Чеуко во интервјуто за „Хаус оф хајлајтс“.
🚨 Yassine Cheuko reveló que MLS y CONCACAF lo vetaron para permanecer al borde de la cancha y proteger a Lionel Messi.
“Ya no me permiten estar en el campo (…) Llegué a USA, en 20 meses se han metido 16 personas, existe un enorme problema aquí, déjenme ayudar a Leo” pic.twitter.com/i09Cl9kb32
— Luis Omar Tapia (@LuisOmarTapia) March 31, 2025
-
НБА9 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Шпанија9 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
Лига Европа23 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Балкан23 часа
Трагедија во Карловац: Во сообраќајка загина поранешен хрватски репрезентативец
-
Лига на шампиони11 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
НБА12 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Англија10 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
Лига на шампиони6 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони