Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта и одговори на Ла Лига: Ова нема да го дозволам…

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона вечерва го игра реваншот со Атлетико Мадрид во Купот на Шпанија, меч кој ќе го даде вториот патник во финалето или поточно противникот на Реал Мадрид, а случајно или не денеска Ла Лига одново го актуелизираше прашањето околу Дани Олмо и Пау Виктор.

Веќе е позната драмата околу нивната регистрација и целиот процес кој се водеше низ медиумите со тоа што Ла Лига остана на ставот дека клубот нема право на тоа, но Барса пронајде начин и досега двајцата играчи беа регистирани и настапуваа за екипата.

Ла Лига денеска излезе со жестоко соопштение, па иако од Барселона официјален одговор не стигна беше испратена директна порака од претседателот, Жоан Лапорта.

Ла Лига ѝ зададе нов непријатен удар на Барселона, на потег е Врховниот спортски суд

-Во врска со соопштението на Ла Лига, го гледаме како уште еден обид да се наруши имиџот на клубот и да се оди спротивно на интересите на ФК Барселона. Очигледно, клубот ќе одговори преку своите правни служби, кои темелно го разгледуваат писмото на Ла Лига. Ќе одговориме на најсилен можен начин.

-Поминаа три месеци откако реков дека регистрациите на Олмо и Пау Виктор беа правилно извршени следејќи ги сите барања на РФЕФ и Ла Лига, тоа останува точно. Имам чувство дека ова не е случајност. Денес играме финале и се надевам дека ќе биде одличен спектакл. Оживувањето на контроверзи од ваков вид не е случајно; тоа е уште еден обид да се дестабилизира нашиот тим. Чувството е дека бидејќи не можат да не победат на теренот, ќе се обидат да го направат тоа во канцелариите. Како претседател на Барса, тоа нема да го дозволам, -порача Лапорта.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни