Италија
Касано удри по две ѕвезди на Милан: Седум години го чекам…

Милан го загуби дуелот со Наполи, меч кој беше од големо значање како за нив така и за противникот, односно за „росонерите“ во трката за Лигата на шампионите, а за четата на Конте во борбата за Скудетото.
Поразот на „росонерите“ донесе нови критики за нив, играта, но и за дел од играчите како поединци, па поранешниот ас на оваа екипа и некогашен италијански репрезентативец Антонио Касано во свој стил „подбра“ две ѕвезди и тоа португалските интернационалци Жоао Феликс и Рафаел Леао.
-Видете, јас навистина го сакам Жоао Феликс, ама го чекам седум години да процвета и искрено веќе се изморив од чекање. Се заљубив по првите пет месеци во Бенфика, но оттогаш само менува клубови. Дојде во Милано, постигна гол, првите неколку натпревари беа добри, па повторно исчезна, -рече Касано и продолжи за Леао.
-Сега некој неуспешен, неспособен паразит се обидува да каже дека Леао мора да игра, тој е најталентиран играч на Милан. Прекинете, апсолутно не. Според мене, Пулишиќ и Рајндерс се најдобрите играчи на Милан, тие се оние кои постигнаа 15 гола. Пулишиќ работи на крилните позции, може да игра внатре, да испорача асистенции, да даде голови, да работи за тимот. Тој прави се што Леао не знае да прави.
-Леао има едно прецизно додавање на секои четири обиди. Тој постигна само шест гола оваа сезона. Тука сме да ги едуцираме оние луѓе кои не знаат што навистина значи да се игра фудбал, да се учи, да се сака и да се почитува овој спорт. Една вештина не значи дека сте одличен играч. Тој постигна шест гола.
-Овие луѓе сакаат да зборуваат за Леао, кога Рајндерс и Пулишиќ постигнаа двојно повеќе голови? Тоа се играчи кои ја прават разликата, а не Леао. Тој е полуфудбалер, тоа е се. Зошто не зборуваат за Рикардо Орсолини, кој постигна повеќе голови од Леао? Затоа што заработува само 1,5 милиони евра по сезона во споредба со 8 милиони евра на Леао? Орсолини, Матија Закањи и Адемола Лукман се подобри од Леао, -порача Касано.
-
Англија23 часа
По Де Брујне заминува уште една клупска легенда: Сити му ја соопштил конечната одлука на важен играч
-
Италија22 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
Англија23 часа
Барнли го доби дербито, се враќа во Премиер лигата во пакет со Лидс Јунајтед
-
НБА21 час
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
НБА11 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Англија6 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Лига на шампиони9 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Шпанија12 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)