Евролига
Одличниот Шортс го сруши европскиот шампион, Реал го преживеа пеколот во Белград (ВИДЕО)

Одличниот Ти-Џеј Шортс со неговиот Париз оствари голема победа над Панатинаикос од 101:98 на вечерашниот натпревар од 32. коло во Евролигата.
Гостите од Франција имаа апсолутна контрола на резултатот и играта три четвртини, домаќините се вратија и се заканија во завршниот период, но клубот од Париз го издржа притисокот и му зема мерка на актуелниот европски шампион.
Македонскиот репрезентативец Шортс одигра на високо ниво или поточно беше на чекор од трипл-дабл, реализираше 20 поени со 9 скока и 14 асистенции. Кај домаќините се издвои Нан со 22 кошеви, 8 скока и 9 асистенции.
Реал Мадрид пак го преживеа пеколот во Белград и славеше над Црвена Звезда со 78:72. Таварес запиша дабл-дабл од 14 поени и 10 скока, двоцифрени пак беа Кампацо и Љуљ со по 11 кошеви, кај поразените залуден беше учинокот на Милер Мекинтајер од 24 поени.
Од шестото од десеттото место сите екипи имаат учинок 18-14 и ќе биде неверојатно драматично во завршните две рунди за тоа кој ќе обезбеди директно место во плејофот, а кој ќе игра плејин.
Резултати:
Анадолу Ефес-Макаби Тел Авив 90:88
Фенербахче-Басконија 82:77
Алба Берлин-Виртус Болоња 64:108
This season is WILD!😮
Endless possibilities in the standings and just two games left from the regular season📊
Presented by @VisitAbuDhabi pic.twitter.com/sffMezcl06
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) March 28, 2025
-
Шпанија16 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА12 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА15 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони13 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија10 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Италија13 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Англија11 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Германија14 часа
Леверкузен се подготува за заминување на Алонсо: Имаме џентлменски договор со него…