Поврзете се со нас

Млади спортисти

Македонките Илина и Ева освојуваат медали во Германија

Објавено

на

Македонските девојчиња Илина(18) и Ева(15) Соколовски повторно се закирија со злато и сребро на натпреварите по ритмичка гимнастика во Германија.

На традиционалниот натпревар што се одржаа во Гутерслох пред две недели, Илина освои злато, додека Ева сребро, со што се квалификуваа нa републичкиот натпревар, кој пред неколку дена се одржа во Боркен. Таму Илина освои сребро, а Ева со тимот го освои првото место.

Двете од овој натпревар се квалификуваа на големото германско финале, кое ќе се одржи во Лајпцих во мај.

Дополнително, според последните информации од Германија, Илина викендов повторно освои злато, односно победи на традиционалниот куп турнир во Бохум.

Витрините на овие две талентирани девојчиња се полни со пехари и медаљи иако со своите 18 години Илина веќе се натпреварува во сениорка конкуренција, додека Ева е во јуниорската конкуренција со најдобрите 35 гимнастичарки во Германија.

Талентот на Илина и Ева веќе одамна не само што ги помина границите на Германија, туку и Македонија, бидејќи и двете се веќе дел од многу интернационални натпревари. Ева не само што се натпреварува сама и постигнува успеси, туку се натпреварува и во група каде што се мајсторки на Северна Вестфалија, го освоија првото место и со својот клуб ќе ја преставуват Републиката на големото финале, кое ќе се одржи во Лајпцих.

И Ева и Илина веќе се репрезентативки на Федерацијата на гимнастика на Македонија, а членки се и на гимнастичкиот клуб Партизан од Битола.

Илина, пак, ќе ја претставува Македонија на Европскиот куп, кој ќе се одржи во Баку, Азербеџан, од 1-4 мај. Конкуренцијата на овој куп е многу силна, па затоа Илина од 20 април заминува на подготовки во Азербеџан.

– Ништо не е тешко кога се претставува државата. Пресреќна сум што на овој интернационален натпревар ќе го веам македонското знаме, ни рече Илина.

Видеото е од настапот на Илина, која својата кореографија ја изведува на песната „Кога падна на Пирина“, а датира од 2024 година, кога таа настапуваше во Будимпешта на Европското првенство. Доколку видеото не се прикажува, кликнете на следниот ЛИНК.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни