Свет
Французите го открија говорот на капитенот Мбапе: Мора да ги натераме Хрватите да ползат! (Видео)

Франција успеа да ја надополни негативата од Сплит и се избори за пенали во дуелот со Хрватска во Лигата на нации, натпревар кој на крајот заврши со победа на „триколорите“ во фудбалската лотарија.
Иако стануваше збор само за четвртфинале во Лигата на нации, реалноста е дека Французите многу сериозно го сфатиле овој двомеч, а доказ за тоа е и говорот кој го имал Килијан Мбапе во улога на капитен на националниот тим.
По неколкумесечна пауза, ѕвездата на Реал се врати во репрезентацијата за да му помогне на тимот, па по поразот од Хрватска во Сплит со резултат 2:0, решил да ги мотивира своите соиграчи на доста препознатлив начин.
– Ова е вистинска ноќ за победа. Видовме што можеме да им направиме во второто полувреме на првиот меч. Видовме дека можеме да им наштетиме во Сплит, а сега играме дома, пред своите навивачи. Мораме да дадеме се од себе, ова е вистинска ноќ за нас.
– Знаеме која е првата цел на овој тим, да станеме светски шампиони. Но, постои пат по кој се стигнува до такво нешто. Потребен ни е еден посебен натпревар кој ќе ни даде пример за тој пат. Дури и ако Хрватите минат понатаму, мора да ги натераме да го направат тоа ползејќи, мораме да ги натераме да минат посрана ноќ во Париз. Сами се доведовме во ваква ситуација, но мислам дека и натаму не е толку лошо. Според мене, поседуваме се што треба за да им дадеме три гола, – гласи мотивацискиот говор на Мбапе.
Франција во регуларниот дел од реваншот одговори со иста мера и победи со 2:0, а потоа беше поуспешна во пенал рулетот во кој брилјираше Мењан.
Causerie d’avant match France-Croatie… Quand le Capi’ parle, on écoute 🫡💙@KMbappe a la vision 🚀#FiersdetreBleus pic.twitter.com/B1unDO5cjV
— Equipe de France ⭐⭐ (@equipedefrance) March 30, 2025
-
Шпанија9 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
НБА9 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Лига Европа23 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Балкан24 часа
Трагедија во Карловац: Во сообраќајка загина поранешен хрватски репрезентативец
-
НБА12 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Лига на шампиони11 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
Англија10 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
Лига на шампиони6 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони