Поврзете се со нас

Македонија

Алкалоид „краде“ уште еден играч на Еурофарм Пелистер

Објавено

на

Foto:facebook.com/hceurofarmpelister

Алкалоид од година во година се обидува да напредува, да се развива под водство на нашата легенда Кирил Лазаров, проект во кој во фокусот се македонските играчи, но има и некој странци како додаток, плус квалитет за екипата.

Се очекува ова да биде случај и во иднина, меѓутоа ако се отвори можност за некое добро име Алкалоид е тука да реагира и како што стојат работите таков е случајот со Урош Борзаш од Еурофарм Пелистер.

Имено „Моцарт Спорт“ пренесува дека левиот бек од наредната сезона ќе биде дел од клубот од Автокоманда. Борзаш од 2023 година го носи дресот на „зелено-белите“ од Битола за кои во оваа кампања даде 22 гола во ЛШ, а во претходната 48 погодоци.

Се работи за српски репрезентативец кој важи за играч кој има „топ во раката“ и треба да биде и тоа како квалитетно засилување за Алкалоид.

Од Пелистер во актуелниот освојувач на Купот на Македонија треба да заврши и крилото Ненад Костески, претходно сино-белите“ на полусезоната го донесоа и средниот бек на Еурофарм Пелистер 2, Мартин Ивановски.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни