Германија
„Фармацевтите“ на колена: Третолигаш го елиминираше Леверкузен од Купот на Германија (ВИДЕО)

Германија го доби првиот финалист во Купот, а тоа не е екипата која сите ја очекуваше и го бранеше трофејот во ова натпреварување Баер Леверкузен.
Имено „фармацевтите“ вечерва беа непријатно изненадени, шокирани и елиминирани од третолигашот Арминија Билефелд која со пресврт славеше со 2-1.
Арминија во претходните рунди ги елиминираше Вердер Бремен, Фрајбург, Унион Берлин и Хановер, односно три од овие четири екипи се прволигашки, односно избраниците на Алонсо многу добро знаеја со каков противник се соочуваат, ама и покрај тоа дозволија да бидат поразени од состав кој е далеку под нивното ниво.
Та донесе предност за фаворитот во 17 минута, но Ворл во 20 израмни на 1-1. Овој резултат беше активен до судиското продолжение на првиот дел кога Гросер стрелаше за домаќините за комплетен пресврт и 2-1.
Ова се покажа како клучен момент и Арминија оди во мечот за пехар каде ќе игра со подобриот од Штутгарт и РБ Лајпциг.
ТУКА погледнете ги головите.
-
Италија24 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
НБА23 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
НБА10 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА13 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Англија8 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Лига на шампиони11 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Шпанија14 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
Германија12 часа
Леверкузен се подготува за заминување на Алонсо: Имаме џентлменски договор со него…