АТП
Ѓоковиќ остана без најверните следбеници на големите турнири: Ова е тажна вест за тенисот

Новак Ѓоковиќ не успеа да ја зачини го зачини со победа одличната недела која ја остави зад себе во Мајами, па поразот во финалето го остави покус за толку посакуваната и очекувана 100-та титула во блескавата кариера.
Српскиот тенисер претрпе пораз во финалето од Јакуб Меншик и мораше да му честита на далеку помладиот колега, а овој меч ќе остане во сеќавање и поради тоа што испадна последниот кој ќе биде емитуван на „Спорт Клуб“.
Реномираниот регионален телевизиски сервис на 1-ви април ќе прекине со емитувањето и веќе нема да постои во досега добро познатиот формат, па беше направена и одјава со последно интервју со Новак Ѓоковиќ, тенисер кој постојано го следеа во текот на сите овие 19 години.
– Ова е тажна вест за тенисот, тажна вест за љубителите на овој спорт во регионот. Му се заблагодарувам на Спорт Клуб за тоа што ме следеше сите овие години.
– Се гледавме повеќе од една деценија на различни страни ширум светот. Баки, Вишко, Говедарица и сите останати со долги години дел од тенисот. Го познаваат овој спорт, се занимаваат и со тренерски работи. Ви благодарам за се во име на сите тенисери во Србија, – порача Ноле.
-
Свет21 час
Омилениот клуб на Папата испрати последен поздрав: Фан со кој се гордеевме!
-
Англија18 часа
По Де Брујне заминува уште една клупска легенда: Сити му ја соопштил конечната одлука на важен играч
-
Италија17 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
Англија18 часа
Барнли го доби дербито, се враќа во Премиер лигата во пакет со Лидс Јунајтед
-
Италија20 часа
Од голман до гол: Серија А ја издвои „Гасперини бол“ акцијата за победа на Аталанта (Видео)
-
НБА15 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
Шпанија24 часа
Ханси Флик ги подбра играчите кои не се радуваа на победата над Селта: Не можам да ги разберам
-
НБА6 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)