Поврзете се со нас

Лига на шампиони

УЕФА ќе истражува дали четири ѕвезди на Реал се однесувале недолично на градското дерби во ЛШ

Објавено

на

Европската фудбалска федерација отвори истрага за натпреварот меѓу Атлетико и Реал Мадрид, а причина е можна дисциплинска постапка за четворица играчи на гостинскиот тим.

Реал ја мина осминафиналната фаза по подобро изведување пенали, а УЕФА ќе истражува дали навистина четворицата играчи во тимот на Анчелоти се однесувале недолично на ,,Метрополитано”.

Во истрагата се опфатени Килијан Мбапе, Винисиус, Дани Себалјос и Антонио Ридигер.

Етичката и дисциплинската комисија ќе решаваат за обвинувањата дека Мбапе се фатил за меѓуножјето по триумфот на пенали над градскиот ривал, дали Ридигер провоцирал на теренот, како и Себалјос им покажал среден прст на противничките фанови.

Евентуално решение за казна може да донесе суспензија на барем еден натпревар за некој од играчите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни