Евролига
Милано немаше решение за Пантер, Партизан потфрли во последниот период во Минхен

Олимпија Милано на нашиот Нено Димитријевиќ забележа трет пораз по ред во Евролигата, а вечерва загуби на домашен терен од Барселона.
Македонскиот репрезентативец доби мала минутажа, односно нецели две минути во кои имаше само едно промашување, додека неговите соиграчи потфрлија во дуелот со шпанскиот великан.
Барселона постојано диктираше темпо во Италија, а точка на неизвесноста стави Кевин Пантер, кој во последниот период ги откажа избраниците на Еторе Месина.
Бризуела со 27 и Пантер со 25 поени беа најефикасни кај победничкиот тим, додека Миротиќ го предводеше Милано со 28 поени на овој дуел.
Баерн успеа да одигра последен период на посакуваното ниво и да го совлада Партизан, со што му остави само теоретски шанси на српскиот тим за пласман во плеј-ин доигрувањето.
Партизан често имаше преднос на средбата во Германија, но во последниот период доминираше Баерн, истиот го доби со 24:11 и на тој начин си ја обезбеди победата.
Монако славеше на гостувањето кај Олимпијакос, додека домашна победа оствари Лион над Жалгирис.
Милано-Барселона 88:98
Баерн-Партизан 89:74
Олимпијакос-Монако 77:80
Лион-Жалгирис 88:79
-
НБА21 час
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Барселона испрати 40 удари на „Монжуик“ и со доста мака го урна „ѕидот“ наречен Лео Роман (Видео)
-
Лига на шампиони23 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Македонија15 часа
Одборот на судии: Силекс израмнил од офсајд, Воска направи преседан против Вардар!
-
Италија22 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони17 часа
Фиго за битката меѓу Барселона и Интер во ЛШ: Секој што мисли…
-
Англија19 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Шпанија13 часа
Кафу го одобри најавениот трансфер на Реал: И за мене велеа дека не сум добар во дефанзива…..