Поврзете се со нас

Германија

Џака не остана мирен и влезе во жестока расправија со бесните навивачи на Леверкузен (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/bayer04fussball

Баер Леверкузен доживеа огромен шок во полуфиналето на Купот и остана без шанса да се бори за трофеј за кој изгледаше огромен фаворит, откако вчера во едни чудни околности загуби од Арминија Билефелд.

Германскиот третолигаш направи сензација и го урна се уште актуелниот германски шампион, па победата од 2:1 значеше дека тимот од Билефелд чекираше билет за големото финале во Купот.

Ова разочарување за Леверкузен доаѓа во период во кој тимот доживеа елиминација во Лигата на шампиони и заостанува шест бода зад Баерн Минхен во Бундеслигата, па имаше и навивачи кои жестоко им забележаа на фудбалерите за непотребно испштената шанса.

„Фармацевтите“ можеа да ја спасат сезоната со трофеј во Купот, но наместо тоа, вчера се посрамотија и ги налутија своите навивачи кои бараа и објаснувања по последниот судиски свиреж.

Гранит Џака беше оној кој покажа карактер да се соочи со навивачите, па дури и влезе во жестока расправија со дел од нив во обид да го одбрани изданието на својот тим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни